Европскиот Парламент ја додели наградата Сахаров доделена на белоруската опозиција

epa08764387 European Parliament President David Sassoli announces the 2020 EU Sakharov Prize at the European Parliament in Brussels, Belgium, 22 October 2020. The European Parliament has granted the Belarusian opposition with leader Svetlana Tikhanovskaya the Sakharov prize 2020. EPA-EFE/FRANCOIS LENOIR / POOL

Европскиот Парламент ја додели наградата Сахаров за слобода на мисла на Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цапкала од белоруската опозиција за нивната храброст во борбата против режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, јави дописничката на МИА од Брисел.

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, на Твитер соопшти дека е „чест да се објави дека жените и мажите од демократската опозиција во Белорусија се победници на наградата Сахаров за 2020″.

-На нивна страна е сурова сила што ништо не може да ја порази – вистината. Не се откажувајте од вашата борба, на ваша страна сме, твитна Сасоли.

Одлуката ја поздравија сите главни политички партии во Европскиот Парламент.

Белоруската опозиција беше предложена од страна на Социјадемократите во знак на солидарност со демонстрантите.

– Горда сум што сите главни политички групи се обединија и заедно одлучија да ја доделат наградата Сахаров 2020 на храбрите луѓе во Белорусија. Ова е јасен знак дека Европскиот Парламент нема да крене раце сѐ додека нивните легитимни барања за слободни и фер избори не се целосно имплементирани, политичките затвореници ослободени, а сите виновни за тортура и репресија изнесени пред лицето на правдата, изјави потпретседателката на европските Социјалдемократи, Кати Пири.

Наградата Сахаров, во чест на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров, Европскиот парламент ја доделува од 1988 година на поединци и организации заслужни за одбрана на човековите права и основните слободи.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот