Европскиот фудбал минатата сезона заработил речиси 30 милијарди евра

twitter/Premier League

Според Дилојт, европскиот фудбалски пазар оствари рекордни 28.9 милијарди евра за календарската 2018/19 сезона.

Растот и рекордната заработувачка се остварени благодарение на најдобрите пет лиги во Европа, „Лига пет“ кои добија и најголем дел од дополнителните 700 милиони евра кои УЕФА ги распределени на клубовите во нивните натпреварувања.

Најдобрите пет лиги за минатата сезона остварија рекордни приходи од 17 милијарди евра, што претставува зголемување за девет проценти во однос на претгодната година.

Комбинираните приходни на екипите во Премиер лигата изнесуваат 5.9 милијарди евра и тие се за дури 73 проценти поголеми од најблскиот конкурент, шпанската Ла Лига каде приходите изнесуваат 3.4 милијарди евра.

На третото место е Бундеслигата која генерирала добивка од 3.3 милијарди евра, што е за 177 милиони евра или шест проценти повеќе во однос на сезоната 2017/18.

Екипите од Серија А заработија 2.5 милијарди евра, а најслаба од „Лигата пет“ е француската Лига 1 која има добивка од 1.9 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот