Европската радиодифузна унија одлучи: Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина

евровизија
Украинската група Калуш Оркестара / Фото: EPA-EFE

Наредната година Евровизија нема да се одржи во Украина, потврди Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која е задолжена за организацијата. Во официјалното соопштение, ЕБУ откри дека преговараат со „Би-Би-Си“ за Обединетото Кралство да ја преземе улогата на земја домаќин следната година.

„По победата на Изборот за песна на Евровизија во мај, ЕБУ со украинската национална телевизија, која претходно ги организираше настаните во 2017 и 2005 година ги истраживме можностите за Украина да биде домаќин на натпреварот следната година. Стана позната традиција победникот на Евровизија да биде домаќин на натпреварот следната година, обезбедувајќи одредени критериуми кои вклучуваат одржливост на организацијата на настаните и безбедност на сите учесници“, се вели во официјалното соопштение до јавноста.

Со оглед на тековната војна, многумина беа свесни дека е речиси невозможно Евровизија наредна година да биде во Украина.

„ЕБУ, во соработка со експерти, спроведе целосна оценка за изводливост и безбедност. Изборот за песна на Евровизија е една од најкомплексните ТВ продукции во светот со илјадници луѓе кои работат на настанот и присуствуваат на настанот и потребни се 12 месеци подготовка“, велат тие.

Имено, по објективна анализа, управниот одбор со длабоко жалење заклучиле дека, со оглед на моменталните околности, безбедносните и оперативните гаранции што се бараат за комплетното организирање на Евровизија според сите правила и прописи, украинската телевизијата не е во можност да го организира настанот.

Како резултат на оваа одлука, во согласност со правилата и за да се обезбеди континуитет на настанот, ЕБУ сега ќе започне разговори со „Би-Би-Си“, имајќи предвид дека Велика Британија оваа година беше второпласирана, за да биде домаќин на Евровизија во 2023 година.

„Нашата целосна намера е победата на Украина да се одрази и на настанот следната година. Тоа ќе биде наш приоритет во нашите разговори со потенцијалните домаќини“, потврди Европската радиодифузна унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот