Европа со нови правила: Намалени дозволените количества арсен во храната

Европската комисија усвои нови правила кои пропишуваат помали дозволени количини арсен во прехранбените производи, што е чекор во спроведувањето на европскиот план за борба против ракот со ограничување или елиминирање на канцерогените хемикалии во храната, пренесува „Фактор“.

Денеска преземаме дополнителни мерки за натамошно намалување на ризикот од изложеност на канцерогени загадувачи од нашиот синџир на исхрана. Нашите граѓани сакаат да бидат сигурни дека храната што ја јадат е безбедна, а новите правила се уште еден доказ дека стандардите за безбедност на храната во ЕУ остануваат највисоки во светот -рече комесарката за здравје и безбедност на храна Стела Киријакидес.

Со новите правила се намалува дозволената концентрација на неоргански арсен во белиот ориз и се воспоставуваат нови гранични вредности за арсен во прехранбените производи на база на ориз, храна за бебиња, детска храна, овошни сокови и сол.
Сегашните максимални дозволени количества на арсен во прехранбените производи беа утврдени во 2015 година врз основа на мислењето на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), која наведува дека неорганскиот арсен може да предизвика рак на кожата, мочниот меур и белите дробови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот