Евролига: Црвена звезда од „плус 12“ до висок пораз од Алба

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда се поразени вечерва од Алба во Белград со 87:72 (15:25, 24:19, 21:17, 27:11) во натпреварот од 25 коло во Евролигата.

„Црвено-белите“ четврти пат по ред се поразени од Алба на домашен терен и сега се на учинок 11-14, сè подалеку од Топ 8. На спротивната страна, Алба ја прекина низата од шест порази, но со учинок 7-18 и натаму е последна во елитното натпреварување.

Српската екипа имаше „плус 12“ на почетокот од втората четвртина (32:20), но потоа напад не функционираше најдобро, одбраната не беше на потребното ниво, и на крајот претрпе висок пораз.

За Германците доминираше Маодо Ло со 24 поени, а кај поразените 14 поени беа дело на Филип Петрушев.

За седум дена Црвена звезда ќе му гостува на Баерн, додека Алба повторно доаѓа во Белград и ќе игра против Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот