Еве што всушност значи кога косата почнува да ви „белее“

Instagram
Instagram

Ако живеете доволно долго на оваа планета, постои една работа во која можете да бидете сигурни. Вашата коса, порано или подоцна, ќе започне да станува сива. Може да ве „фаќа“ паника и да се обидете да ја скриете оваа промена или едноставно да ја прифатите. На крајот на краиштата, само неколку години наназад, во светот се појави трендот на сива боја на коса за која многу луѓе специјално одеа на фризер.

Instagram
Instagram

Според „Harvard Health Blog“, косата всушност не „станува сива“, бидејќи косата што природно расте во кафеава боја ќе остане кафеава за целиот свој животен век. Само што нашата коса, не живее колку што живееме ние. Штом косата го „достигне“ крајот на својот век и завршува во вашата четка, таа ќе биде заменета со нова што ќе порасне на нејзино место.

Instagram
Instagram

Фоликулите што ја произведуваат бојата на косата, како што стареат имаат тенденција да прифаќаат повеќе монохроматски изглед и тие ќе завршат со производство на вашата природна боја на коса до моментот на вашата средна возраст.

Кај повеќето луѓе косата почнува да белее во доцните 30-ти, но има случаи каде косата ја задржува својата природна боја до средината на 40-тите години. Се разбира, оваа појава може да варира.

Стресот не е фактор

Една од причините што честопати се наведува од луѓето кои се плашат од фактот дека „многу рано“ почнала да им белее косата (бидејќи секогаш се чини дека е премногу рано да се соочат со знаците на стареење) е стресот.

Најлошото нешто што стресот може да ѝ го направи на вашата коса е да предизвика состојба наречена телоген ефлувиум, што ќе предизвика нејзино опаѓање три пати повеќе од нормаланата стапка, што, секако, не е во ред.

Instagram
Instagram

Добрата вест е дека косата обично повторно расте. Ако, сепак, сте ја достигнале таа одредена возраст, новата коса што ќе порасне на нејзино место навистина може да биде сива или бела.

Една од причините за предвремено „беелење“ на косата е недостаток на витамин Б12, кој исто така може да предизвика слабеење или опаѓање на косата. Витаминот Б12 е една од хранливите материи неопходни за вашата дневна исхрана. Овој витамин може да се најде во месо, школки и млечни производи.

Instagram
Instagram

Други поретки состојби што можат да доведат до губење на бојата на косата вклучуваат неврофиброматоза, туберозна склероза, проблеми со тироидната жлезда, витилиго и алопеција ареата.

Оваа последна именувана состојба повторно вклучува опаѓање на косата, иако, влакната со поголема пигментација веројатно први би паднале, со што би ги направиле сивите или белите влакна позабележителни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот