Еве што им прави коронавирусот на белите дробови (ВИДЕО)

Оваа анимирана снимка покажува колку брзо коронавирусот се шири во белите дробови и каква штета предизвикува.

– Се гледа јасен контраст помеѓу здравото ткиво и ткивото инфицирано со вирусот – забележува др. Мортман, објаснувајќи ја разликата помеѓу синото, здраво ткиво и инфицираното ткиво кое е означено со зеленкасти облаци.

– Разликата е толку воочлива што не морате да бидете лекар за да ја забележите и да сфатите колку е сериозна ситуацијата – додава лекарот, објаснувајќи дека вирусот очигледно не е изолиран на едното крило од белите дробови туку се раширил и на двете.

– Почнува со инфекција, потоа се развива воспаление на белите дробови кое со тек на време го оштетува ткивото и прави долгорочна штета која би можела да ги онеспособи пациентите да дишат нормално дури и откако ќе се опорават. Некогаш дури и за цел живот – вели др. Мортман.

Коронавирусот започнува од горниот респираторен тракт – носот, устата, грлото и горниот дел на белите дробови, во долниот дел од белите дробови, а пневмонијата е воспаление на долниот дел од белите дробови. Тогаш алвеолите во главно се полнат со течност или гној кој го отежнува дишењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

СЛИКОВИТО ОБЈАСНЕТО, Како коронавирусот ги „киднапира“ нашите клетки?

Експерт објасни: Што се случува со белите дробови на заразените од коронавирусот?

Коронавирусот остава последици, опоравени пациенти се соочуваат со 
намален капацитет на белите дробови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот