Коронавирусот остава последици, опоравени пациенти се соочуваат со намален капацитет на белите дробови

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Пациенти кои се опоравиле од коронавирусот забележуваат намалена функција на белите дробови. Според докторите во Хонгконг, некои пациенти пријавиле дека се задишуваат додека одат или додека се качуваат на скали, пишува BusinessInsider.

Во 1991 година, власитите ги споија сите болници и клинички центри во Хонгконг во едно извршно тело, Медицински Авторитети на Хонгконг. Тие направиле истражување анализирајќи на 12 лица кои се пуштени дома после лечење од Ковид-19. Од дванаесет, тројца кои го преболеле вирусот, не биле во состојба да ги прават истите работи кои со леснотија ги правеле пред болеста.

„Ако само малку го забрзаат темпото на одење, дишењето станува отежнато“, изјавил директорот на Инфективниот центар во Хонг Конг, доктор Овен Тсанг Так-јин на прес-конференција одржана во четвртокот.

Доктор Овен Тсанг Так-јин (лево) и доктор Доминик Со, шеф на интензивната нега на прес-конференција одржана во четвртокот / ФОТО: Принтскрин

„Некои од пациентите можеби ќе се соочат со редуцирана функција на белите дробови за околу 20 до 30 отсто“, додал Тсанг.

Доктор Тсанг истакнал дека капацитетот на белите дробови во иднина може да се зајакне со физиотерапија. Им препорачал на излечените пациенти за почеток да прават кардиоваскуларни вежби за белите дробови постепено да се опоравуваат, сугерирајќи им го пливањето како најкорисна физичка активност за целоквкупното здравје.

И додека е прерано да се зборува за долгорочните ефекти од новиот коронавирус, при истото истражување, снимки од компјутерска томографија на девет пациенти покажале дека во белите дробови има таложење на течности, феномен во медицината познат по белите траги кои ги остава на дробовите, кои сугерираат дека постои оштетување. 

На овие КТ снимки може да се воочи како интезитетот белите дамки се зголемува со прогресирањето на болеста. / Фото: Junqiang Lei, Junfeng Li, Xun Li, and Xiaolong Qi
КТ снимки од 55-годишен пациент од Вухан, Кина – ГОРЕ: КТ снимки направени 5 дена по декектирање на симптомите / ДОЛЕ: КТ снимки направени 19 дена по декектирање на симптомите

Кај девет од десет излечени пациенти пронајдени се вакви длабински оштетувања на дишните органи.

Докторите Медицинските Авторитети од Хонг Конг сметаат дека долгорочното влијание на коронавриусот на опоравените пациенти допрва треба да се испитува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот