Експерт објасни: Што се случува со белите дробови на заразените од коронавирусот
Новиот коронавирус се појави на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан каде предизвика бројни случаи на запаление на белите дробови поради непозната причина. Подоцна е откриено дека се работи за нов вирус – сериозен акутен респираторен синдром коронавирус 2 или Сарс-Цов-2. Болеста која ја предизвикува е наречена Ковид-19.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Лекарот Џон Вилсон за „Гардијан“ го објасни опсегот на болеста, објаснувајќи дека во некои случаи изостануваат симпотмите, додека кај други заболени се развива сериозна болест која предизвикува запаление на белите дробови.
СЗО прогласи пандемија на новиот коронвирус, и истакна дека поголемиот дел на заболените имаат само благи симптоми слични на настинка. Според нивниот извештај, околу 80 отсто од заболените со Ковид-19 оздравувааат без потреба за третман. Само едно од шест лица сериозно се разболува и има „потешкотии во дишењето“.
Како вирусот ги погодува луѓето?
Професорот Џон Вилсон од Кралскиот лекарски универзитет вели дека кај речиси сите заболени со сериозни симпоми на Ковид-19 е присутно запаление на белите дробови. Тој смета дека сите заболени од новиот коронавируст може да се сврстат во четири категории.
Најмалку сериозни се случаите кај луѓето кои го имаат вирусот, но немаат симптоми. По нив доаѓаат оние со инфеција на гориот ресипраторен состав, т.е. оние кои имаат температура и кашлица и благи симптоми како што е главоболка и конјуктивитис.
„Овие луѓе со поблаги симптоми и понатаму можат да го пренесат вирусот, но многу за тоа не се свесни“, вели тој.
Во најчеста категорија спаѓаат оние кои се позитивни на Ковид-19 и кои во најголем број на случаите завршуваат во болница, а кои имаат симпоми слични на посилна настинка. Во четврта категорија се оние кои имаат сериозни симптоми со запаление на белите дробови.
– Во Вухан се испостави дека од оние кои биле позитивни на вирусот и кои барале медицинска помош, само шест отсто имале сериозни симптоми – истакнува Вилсон.
СЗО тврди дека под поголем ризик да развијат сериозни симптоми се постарите луѓе и оние со здравствени проблеми, како и оние со висок крвен притисок, срцеви болести и болести на белите дробови или дијабетес.
Како се развива запалението на белите дробови?
Кога луѓето кои имаат Ковид-19 започнуваат да кашлаат и да имаат температура, тоа е, според зборовите на Вилсон, знак дека инфекцијата стигнала до респираторниот систем – до воздушните отвори кои го спроведуваат воздухот во телото.
– Заштитниот слој на овие респираторни органи се оштетува, што доведува до запаление. Тој предизвикува иритација на живците, па дури и незначителна количина на прашина може да предизвика кашлица. Доколку кашлицата се влоши, иритацијата се шири до единиците за размена на гасови, кои се наоѓаат на краевите на дишните патишта. Ако тие се инфицираат, реагираат така што го исфрлаат материјалот кој настанал по запалението на воздушните вреќички, кои се наоѓаат на дното на белите дробови – објаснува Вилсон.
Ако воздушните вреќички добијат запаление, доаѓа до „прекумерно изливање на материјал кој е појавен по запалението на белите дробови и се развива запаление“. Според неговите зборови, белите дробови полни со материјал кој се појавил од запалението не успеваат да достават доволно кислород во крвотокот, што ја намалува способноста на телото да прима кислород и да ослободува јаглерод диоксид.
„Тоа најчеста причина за смрт во случај на сериозно запаление на белите дробови“, вели тој.
Како запалението на белите дробови може да се лечи?
Засега не постои ништо што може да го спречи запалението на белите дробови кое го предизвикува Ковид-19. Лекарите пробуваат голем број на лекови со надеж дека нивната комбинација ќе биде делотворна. Засега не постои востановен третман за лечење, освен грижа на заболените која се пружа на одделите за интензивна нега.
Луѓето се поврзуваат со механички вентилатор (респиратор) кој оддржува ниво на кислород во нивните бели дробови се додека доволно не се опорават за повторно да функционираат нормално.
Влисон вели дека пациентите со вирусно запаление на белите дробови има ризик да развијат и секундарни инфекции, па препорачува тие да се лекуваат и со антибиотици и со антивирусни лекови. Сепак, во некои случаи тоа не е доволно и запалението на белите дробови на крајот има фатален исход.
Се разликува ли запалението на белите дробови кое го предизвикува Ковид-19 со обичното?
Лекарот Вилсон тврди дека постојат докази дека запалението на белите дробови кое го предизвикува Ковид-19 би можело да биде особено сериозно бидејќи ги погодува целите бели дробови, а не само делови.
Според зборовите на експертите, луѓето постари од 65 години главно се под поголем ризик од запаление на белите дробови, како и оние со хронични болести на белите дробови, срце, бубрези, бели дробови, оние со рак или дијабетис.


