Еве кои се тајните за беспрекорниот изглед на Џенифер Лопез на 51 година
Џенифер Лопез веќе три децении важи за една од најубавите жени во светот на шоу бизнисот. А изгледа исто толку привлечно со 51 година како на 21.
Пејачката, танчерка, актерка, претприемач и мајка се појави на насловната страница на „InStyle“ за мај 2021 година, истакнувајќи ги своите облини во костим за капање.
View this post on Instagram
Лопез за истоименото списание откри некои од тајните на нејзината убавина и здравје што ѝ помогнале да го постигне тоа.
„Јас сум во најдобра форма до сега“, признала ѕвездата.
View this post on Instagram
Лопез отсекогаш била посветена на вежбањето. Сепак, главната разлика е во тоа, како што вели таа, дека сега е многу поефикасна со своите тренинзи.
„Во моите 20-ти и 30-ти вежбав, но не како што вежбам сега“, изјави таа за списанието.
View this post on Instagram
„Не дека вежбам повеќе, само вежбам понапорно и попаметно. И не ми треба толку време како во минатото. Го правам тоа повеќе за моето здравје отколку за изгледот, што е смешно. Кога нешто правите од вистинските причини, вие всушност изгледате подобро“, вели Џенифер.
View this post on Instagram
Лопез вели дека е тешко да се постигне се, но дека се обидува да балансира меѓу обврските и семејството.
„Тешко е за секоја мајка која работи. Кога треба да работите едноставно чувствувате вина дека не можете да се грижите за своите деца. Се обидувам да балансирам најдобро што можам. Не е важно дали сум на пат или сум дома со нив – комуницираме, се смееме и поминуваме време заедно. А, понекогаш дури и им досаѓам да мијат заби, да одат во кревет порано за да станат за на училиште… Не можам да ви набројам колку работи научив од моите деца за себе. Ќе морам да напишам цела една книга за тоа“, вели Лопез.