Еве како изгледаат сопругите на познатите актери: Животот во сенката на големата слава! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Еве како изгледаат сопругите на познатите актери: Животот во сенката на големата слава! (ФОТО)

Познатите актери секогаш се во центарот на внимание, додека жените ширум светот им завидуваат на нивните сопруги.

Меѓутоа, малкумина знаат кои се тие и со што се занимаваат…

Вуди Харелсон и Лаура Луи

Вуди се женеше два пати. Првиот пат беше во брак со Ненси Симон, а заедницата траеше само една година. Неговата втора сопруга е Лаура Луи која му беше помошничка, а во брак се од 2008 година. Парот има три ќерки и живее во многу среќен брак.

профимедиа

Кристијан Бејл и Сандра Блажиќ

Изгледа дека Кристијан Бејл е вистински семеен човек и дека е во среќен брак околу 20 години. Неговата жена е поранешна манекенка, лична асистентка и шминкерка на Винона Рајдер – Сиби Блашиќ. Парот има две деца: ќерка и син.

профимедиа

Николај Костер – Валдо и Нукака Костер – Валдо

Ѕвездата од серијата „Игра на тронови“ се венчал во 1997 година со гранландската актерка и победничката на Мис Гренланд, Нукака Мотзфелд. Парот има две ќерки.

профимедиа

Пирс Броснан и Кили Шеј Смит

По трагичната смрт на неговата прва сопруга, Пирс тагувал полни 10 години. По тој период ја запознал Кили Шеј Смит која се занимавала со новинарство. Парот се заљубил и од 2001 година е во брак.

профимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close