Ева Каили пуштена во домашен притвор

Фото: Ева Каили / Инстаграм

Ви благодарам многу. Ме чека ќерка ми, кусо им одговори на новинарите, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, која денеска од белгискиот затвор беше пренесена во домашен притвор со електронска нараквица.

По поминати четири месеци во затвор поради вмешаноста во скандалот „Катар гејт“, Каили денеска беше пренесена во нејзиниот дом во Брисел, каде што ја чекаа голем број новинари.

Белгискиот суд на 12 април одлучи поранешната потпретседателка на ЕП да биде пренесена во домашен притвор со електронска нараквица.

Каили воедно беше последната осомничена во скандалот „Катар гејт“, која сѐ уште беше во затвор, со оглед на тоа дека останатите, меѓу кои и нејзиниот партнер, веќе се во домашен притвор, додека истрагата за корупцискиот скандал е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот