„Еуроникел Индустри”:Квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот е важен за нашиот технолошки процес и вршиме интерни контроли на неговиот квалитет

Еуроникел Индустри е носител на А-интегрирана еколошка дозвола. Согласно бројните обврски што произлегуваат од оваа дозвола, меѓу кои и квалитетот на воздухот, во и околу фабриката се врши 24-часовно мерење на емисиите во воздухот и квалитетот на истиот. Дополнителен мониторинг вршат и акредитирани лаборатории и сите овие податоци постојано се поднесуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање, демантираат од  „Еуроникел Индустри”.

Додаваат дека во изминатите три години, мерењата покажле дека квалитетот на воздухот е одличен, како и дека овие информации се достапни за јавноста.

-Како компанија, за наши потреби бидејќи всушност квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот, е важен за нашиот технолошки процес, вршиме интерни контроли на квалитетот на истиот, согласно ИСО 9001 стандардот за квалитет, кој е имплементиран во нашата компанија. Покрај овие контроли, користиме и контрола од страна на акредитирани лаборатории. До сега од наша страна не се забележани неправилности. Ќе подвлечеме дека како и секое друго правно и физичко лице кое купува на домашен пазар, ние немаме законска обврска да го контролираме квалитетот или потеклото на репро материјалите: тоа е обврска на увозникот кој поседува соодветна лиценца за увоз и институциите како контролен механизам, стои во соопштението.

Истакнуваат дека се производители на никел од светски калибар којшто ги импелментирал сите најсовремени методи за заштита на животната средина.

-За нас е исклучително важен квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот, кои ги користиме во производниот процес, бидејќи колку е повисок квалитетот на енергенсите, толку е поголема ефикасноста, подобри се нормативите и повисок е квалитетот на нашиот финален производ – никелот, што е наша крајна цел, бидејќи нашиот никел се пласира на европскиот и светскиот пазар, каде наша конкуренција се производители од Европа, Америка, Канада, Австралија и други.

Порачуваат дека им стојат на располагање на сите наделжни институции и органи, со цел детекција на евентуални неправилности на пазарот со мазут, но и секакви други енергенси и репро материјали кои би можеле да имаат влијание врз животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот