Еурофарм прокоцка победа во Шведска

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм пропушти одлична можност да ја оствари првата победа во Лигата на шампионите. Битолчани загубија во второто коло во ЛШ од шведскиот Савехоф со 25:24 иако на полувремето имаа предност од дури пет голови (10:15).
Трагичар на натпреварот е Вегар, кој на 20-тина секунди до крајот, направи грешка во чекори во моментите кога Еурофарм имаше напад за израмнување.

Битолчани одиграа одлични 30 минути во кои доминираа над противникот, но во второто полувреме се случи невиден пад во играта со кој му овозможија на Савехоф, не само да се врати во игра туку и да го добие натпреварот. Шведскиот тим по само 15 минутиво второто полувреме веќе имаше предност од 20:18.

Алушовски одлучи да ја промени тактиката во тие моменти и започна да игра „седум на шест“ но и тоа не помогна, Савехоф сè уште имаше предност од три гола 24:21. Битолчани во игра ги врати Остроушко, но во последната минута, кога Еурофарм имаше напад за израмнување, Вегар направи чекори што значеше втор пораз за македонскиот тим во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот