Еурофарм Пелистер во Полска ќе го игра деветтиот меч сезонава во ракометната ЛШ

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска од 20.45 часот во Полска ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го играат деветтиот натпревар од групата „А“ во ЕХФ Лигата на шампионите.

Противник на играчите на тренерот Бранислав Ангеловски е составот на Киелце од кој загубија во рамките од шестото коло во Битола со 24:21.

Тренерот Ангеловски вели дека посебна мотивација против Киелце во ЛШ не е потребна. Повеќе ТУКА

Моментно на табелата полската екипа е на третата позиција со 10 бодови и е трка за едно од првите две места кои водат директно во четвртфиналето.

Актуелниот македонски шампион кој и натаму ги брка првите бодови сезонава, се наоѓа на последното осмо место.

Натпреварот Индустрија Киелце – Еурофарм Пелистер ќе го водат Иван Касадер и Еурико Николау од Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот