ЕУ наредната недела очекува одобрение од СТО за воведување на царини за увоз од САД

Фото: euractiv.com

Европската Унија (ЕУ) во следната недела треба да добие официјално одобрување за воведување на царини за увоз од четири милијарди долари од САД, како одговор на спорот околу субвенциите за производителот на авиони „Боинг“, се наведува во документот на Светската трговска организација (СТО).

ЕУ доби право да воведува тарифи во спорот со САД околу субвенциите за американскиот производител на авиони „Боинг“, потенцијално продлабочувајќи ги долготрајните трговски спорови поради кои Вашингтон воведе царини за стоките од ЕУ.

Според правилата на СТО, Европската унија мора службено да го извести Органот за решавање конфликти (ДСБ) околу планот за воведување царини. Според агендата на ДСБ, во кој заседаваат сите 164 земји членки на СТО, ЕУ планира да го стори тоа на следниот состанок на 26 октомври.

Тоа не мора да значи дека ЕУ веднаш ќе воведе царински давачки. Европската комисија (ЕК), која ја координира трговската политика на ЕУ, исто така, мора да се консултира и со 27-те земји членки на ЕУ околу ова прашање.

Американската Влада соопшти дека не постои законска основа по која ЕУ воведува тарифи, откако беше укинат спорниот даночен кредит, позиција на која се повикува „Боинг”. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе и „возврати” на ЕУ доколку воведе царини на американската стока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот