ЕУ ќе им исплати на земјите-членки една милијарда евра како компензација за донациите за Украина

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Советот на Европската унија одобри, во рамките на Европскиот инструмент за мировна помош (ЕПФ), исплата на една милијарда евра на земјите-членки како компензација за трошоците за муниција донирана на Киев од постоечките залихи.

Со денешната одлука го операционализираме првиот дел од историскиот договор постигнат од лидерите на ЕУ за итна испорака на артилериска муниција вредна една милијарда евра за украинските вооружени сили. Нема подобар доказ за заедничката решеност на ЕУ да продолжи да го поддржува легитимното право на Украина на самоодбрана против бруталниот руски агресор – изјави во четвртокот високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Како дел од Европскиот инструмент за мировна помош, досега на Украина ѝ е доделена помош во износ од 4,6 милијарди евра, заедно со најновата одлука, соопшти Советот на ЕУ.

ЕПФ е основана во 2021 година за поддршка на воените и одбранбените партнери ширум светот, со крајна цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот