ЕУ ќе и даде на Украина 200 трансформатори и генератори на струја

Фото: Profimedia

ЕУ ќе и обезбеди на Украина повеќе од 200 трансформатори и генератори на струја, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Поголемиот дел од техничките средства се донации од Латонија и Литванија, а во пратката ќе бидат вклучени и дел од залихите на ЕУ, складирани во Романија.

Во објавата на Фон дер Лајен се вели дека Еврокомисијата ќе ја олесни распределбата на донации од компании и организации кои сакаат да и помогнат на Украина да се справи со ефектите од руските воздушни напади врз цивилната инфраструктура. Донациите се очекува првично да бидат насочени кон Полска.

Претседателката на ЕК ги окарактеризира руските воздушни напади како сурови и намерно насочени кон инфраструктурата.

Таа вели дека ЕУ се обидува да помогне во обновувањето на греењето и електричната енергија во Украина што е можно повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот