ЕУ: Го цениме тоа што Косово ни се придружи против руската агресија во Украина

Фото: wallpaperflare.com

Комесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово треба да продолжи со реформите, особено во правосудството.

„Имавме многу добра дискусија со претседателката Османи. Косово е одлучно на својот пат да стане членка на Европската унија. Го цениме тоа што Косово ни се придружи против руската агресија во Украина. Меѓу другото, разговаравме и за значењето на реформите. Косово мора да продолжи со реформите, особено во правосудството. Косово мора сериозно да се бори и против корупцијата и организираниот криминал, рече Вархеји.

Еврокомесарот додаде и дека целиот регион ќе има корист од нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.

Османи рече дека прашањето за правосудството „не е приоритет само на хартија“, туку е приоритет на Владата и граѓаните на Косово и најави поддршка од 6,5 милиони евра од ЕУ за владеење на правото.

Вархеји денеска се сретна со косовскиот премиер Албин Курти и претставници на граѓанското општество, а заедно со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, ќе ја почне Програмата за внатрешни работи на Европската унија и Косово, со цел понатамошно усогласување на Косово со стандардите на ЕУ во спроведувањето на законот и борбата против организираниот криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот