Ешли Греам повторно во центарот на вниманието: Го пробав сопственото млеко и има добар вкус

Фото: Инстаграм

Откако повеќе пати покажа како навистина изгледа женското тело за време на бременоста и по породувањето, најпознатиот „плус сајз“ модел во светот повторно крши табуа.

Фото: Инстаграм

Најпознатата „плус сајз“ манекенка Ешли Греам и нејзиниот сопруг Џастин Ервин на почетокот на годинава добија син по име Ајзак. Манекенката беше секогаш искрена за време на бременоста и зборуваше за мајчинството, семејството, па дури и по породувањето продолжи да споделува со публиката сè што е поврзано со бебето, пишува Јумама.

Фото: Инстаграм

Бидејќи Исак е нејзино прво дете, со задоволство ги сподели сите свои сомнежи и проблеми со своите следбеници на Инстаграм, а во емисијата на Елен откри и дека го пробала сопствено млеко. Со оваа изјава ја заинтригира публиката и водителката и сите беа заинтересирани каков е вкусот на мајчиното млеко.

Да, пробав. Само малку и можам да ви кажам дека има добар вкус – рече манекенката. Таа сподели и дека нејзиното мало момче е мирно, како и дека ужива во секој момент поминат со него.

Фото: Инстаграм

Многу пати заспав додека го доев синот – се пошегува мајката и додаде дека бебето ужива во доењето.
Ешли често ги споделува своите искуства за мајчинството и истакнува колку е среќна и исполнета во таа улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот