Ердоган: Над 500 припадници на силите за безбедност ќе ја обезбедуваат Аја Софија

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Најмалку 500 припадници на силите за безбедност ќе се грижат за безбедноста на истанбулскиот храм Света Софија, чиј статус е сменет од музеј во џамија. Ова го соопшти на прес-конференција во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Најавивме дека отсега Аја Софија ќе биде отворена 24 часа на ден. За безбедноста ќе се грижат 500 луѓе. Му благодарам на министерот за внатрешни работи (на Турција Сулејман Сојлу), рече Ердоган.

Тој додаде дека „отворањето на Аја Софија за молитви означува обнова на (турската) нација”.

Во меѓувреме, турските власти го уверуваат УНЕСКО за нивните намери тесно да соработуваат со организацијата при извршување на планираната реставраторска работа по пренамена на Света Софија од музеј во џамија.

Од УНЕСКО соопштија дека Турција ветила дека ќе покани делегација експерти на организацијата да разговараат за планот за реставрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот