Ердоган и Лукашенко се сретнаа во Астана

Лукашенко - Ердоган/ Фото МИА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко на маргините на Регионалниот самит во Казахстан, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган и Лукашенко разговараа зад затворени врати по дебатата на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) во главниот казахстански град Астана.

Се очекува турскиот претседател да се сретне и со неговиот руски колега Владимир Путин, со кого треба да разговара за можноста за дијалог меѓу Русија и водечките европски земји, како и за посредничките напори на Турција да се стави крај на конфликтот во Украина, информира Анадолија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот