ЕПП го загуби мнозинството во Европскиот парламент

Фото: Избори за Европски парламент во Белгија / EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

На изборите за Европскиот парламент, Европската народна партија со 173 места е победник и повторно е најсилен политички блок во Европската унија, но централно-десничарите имаат послаб резултат во споредба со претходното гласање во 2014 година за 38 места помалку.

Овој пат ЕПП нема да можат да обезбедат апсолутно мнозинство заедно со социјалистите и демократите.

Централно-левите се втори по сила и како пратеничка група ќе имаат 152 места во ЕП, односно 33 помалку од претходно.

Владеачките партии на германската канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Емануел Макрон доживеаја порази.

Либералната АЛДЕ бележи подем и има 108 пратенички места, а исто така и Зелените кои имаат 67 пратенички места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот