Епилептични напади: Како да ги препознаете, но и да помогнете некому што боледува од епилепсија

мозок
Фото: Pixabay

Станува збор за хронична невролошка болест, која може да се појави кај луѓе од сите возрасти, како и кај деца, а често е придружена со повторливи напади.

 Епилептичните напади можат да бидат со различен интензитет и времетраење и може да се појават неколкупати годишно или неколкупати на ден, во зависност од агресивноста на болеста. Најважно е навреме да се откријат причините за нападите и да се третираат со лекови за да се избегнат поголеми проблеми.

Зошто се јавуваат епилептични напади?

Епилепсијата е болест што според Светската здравствена организација погодува повеќе од 50 милиони луѓе низ целиот свет. Секоја година околу пет милиони луѓе ја добиваат оваа дијагноза. Причината може да биде од повреда на главата, оштетување на мозокот, мозочен удар што го намалува нивото на кислород во мозокот, менингитис, одреден генетски наследен синдром или тумор. Самиот епилептичен напад е предизвикан од прекумерна појава на неврони во одредена област на мозокот.

Нападот може да биде предизвикан и од прекумерно консумирање алкохол, предозирање со дрога, акутен мозочен удар, но и изложеност на прекумерен стрес, одредени блесоци, играње видеоигри, лошо спиење, силен звук, интензивен тренинг. Епилептичните напади можат да се појават повремено (еднаш во годината) и кај оние што не боледуваат од епилепсија.

Препознајте епилептичен напад

Постојат различни видови и интензитети на епилептични напади. Додека некои луѓе доживуваат вкочанетост на едната страна од телото и грчеви во мускулите, други може да се онесвестат. Постојат два главни типа напади, тоа се генерализирани или некласифицирани напади и фокални напади.

Луѓето што често имаат напади, по некои знаци во телото знаат дека следува напад. На пример, ќе почувствуваат непријатност и гадење или нервоза, а ова претчувство се нарекува аура.

Како да му помогнете на лице што има епилептичен напад

Нападите можат да траат и до неколку минути и важно е правилно да се дејствува кога ќе се појават. Треба да бидете максимално смирени, да не паничите и да гледате во часовникот кога точно започнал и кога престанал нападот. Нападот ќе престане сам по неколку минути и важно е да не се обидувате да го запрете. На човекот може да му се помогне само ако не се повреди за време на нападот и да се внимава да не се онесвести. Ништо не треба да се става во устата на човек што има напад. Доколку лицето не може да дојде до воздух, потребно е да легне странично. Треба да се остане до лицето и по завршувањето на нападот и да му се каже што точно се случило. На лице што има напад не треба да му се даваат лекови, храна или пијалаци додека нападот целосно не исчезне.

Доколку нападот или „будењето“ од нападот трае подолго од пет минути или се појави нов напад веднаш по првиот напад, доколку лицето не може да дише или се повреди за време на нападот, треба да се повика брза помош.

Лекување епилептичен напад

Луѓето што имаат епилептични напади треба редовно да земаат лекови, антиепилептици (еден или повеќе лекови) кои ја спречуваат појавата на напади и ја намалуваат инциденцијата на други напади. Лековите ги препишува лекар, со одредена доза за да се спречат нападите, а сепак да не се предизвикаат несакани ефекти. Околу 70 отсто од луѓето што имаат епилепсија, а земаат лекови, живеат сосема нормално и без напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот