ЕП 2020, Ѓоргоноски:  Бевме неподготвени за настап на ова Европско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз и разочарувачки пласман ги заврши настапите на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Ракометарите во Групата Б го освоија третото место, а во последниот натпревар кој ни решаваше дали ќе одиме во втората фаза игравме против домаќинот Австрија и загубивме со 32:28 но во вториот дел разиката изнесуваше дури и 10 голови.

Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Ѓоргоноски,  за „Слободен печат“ направи анализа на настапот против Австрија, но и за севкупната игра на репрезентацијата на ова ЕП.

– Според мене влеговме комплетно тактички неподготвени што сите го видовме овој натпревар. Имајќи го во предвид влијанието во играта на репрезентацијата на Кире Лазаров во последните 10-тина години и претходно ни се случувало противниците да ни играат одбрана 5-1 токму поради него, еден вид на „полуфластер“. Така беше и вчера, Австријците успеаја да го ограничат комплетно. И во минатото ни се случувало да го остават Кире да биде отсечен од играта, но кога Кире е во прашање тоа не смее да ни се случува.

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Уште кога јас бев дел од репрезентацијата, многу вежбавме, трениравме, за Кире не биде надвор од играта, вежбавме како да го „ослободиме“.  Но, во минатото имавме поголем избор на ракометари, а сега со Австрија кога ќе го ослободевме, тоа го правеше погрешен човек. Ни се случуваше Кузмановски или Танковски да земат обврска да играат два на два или еден на еден во зоната на противникот и ни се случуваа грешки…

Исто така според мене, очигледно е дека некои работи се поставувале паушално без некој концепт, бидејќи ние не ги оптеретивме Билик и Божовиќ во одбраната со форсирање на нашите пикери. Требаше да ги натераме и Божовиќ и Билик да играат максимално во одбраната.

Што се однесува до одбраната тоа што не можам да го сфатам е како игравме зона  5-1 и која беше улогата на Талевски во неа. Факт е дека ни недостасуваат дефанзивци, специјалисти, а очигледно е дека Никола Марковски не е на тоа ниво да игра централен дефанзивец, какво што има неговиот брат Велко, Никола е повеќе „тешкаш“.  Тој не е идеално решение за централната позиција во зоната 5-1 бидејќи за таква позиција ни требаат ракометари од типот на Дидие Динар, Вилан Мороз, па и Велко Марковски од времето кога играше за Металург, за таа позиција се потребни силни, доста подвижни и агилни ракометари.

Дополнително е што Талески многу длабоко излегуваше на противничкиот среден бек без никаков концепт и никава потреба. Доколку се игра таа зона 5-1 јасно е дека треба да се ограничат бековите да шутираат од позиции кои не се чисти или да шутираа од средина. Напротив Талевски оставаше двајцата најдобри австриски бекови Божовиќ и Билик да одат кон средина и Стоилов да мора да излегува на Билик што не е возможно на долги патеки. Така може да се запрат  1-2 напади но цел натпревар не е возможно – вели Ѓоргоноски кој додава:

Прочитајте и...  Вардар во финале: Голот на Циндриќ во последните секунди против Барселона! (ВИДЕО)

– Јас не сум видел Македонија да излезе толку неподготвена на еден натпревар. Тоа е мое мислење, бидејќи го познавам нивниот селектор Пајович. Нашиот селектор Брестовац можеше да се консултира со што повеќе играчи кои играле против него. Пајович е ученик на Талант Душебаев што значи дека Австријците до најмал детал анализирале како да го ограничат влијанието на  играта на Кире Лазаров. Исто така знаат што можат да направат Кузмановски, Танковски и останатите…  Затоа  Австрија не победи, не поради тоа што се поквалитетни за 10 гола разлика, да, тие се добра репрезентација, можеби на исто ниво со нас, но сигурно не се толку подобри. За топлкава разлика подобри се селекции како Данска, Франција иако сега одигра катастрофално, Шпанија…

Ракометарите од ЕП си заминуваат со една победа (Украина) и два порази (Чешка и Австрија) за вкупно 15. место кое е најслаб пласман во историјата на досегашните настапи.

– Симптоматично е што цело првенство ние бевме репрезентација која даде најмалку голови од контри и полуконтри, а од друга страна сме ограничени во нападот. Ние математички не можеме да победиме никого , само со некоја луда среќа од 15-16 одбрани како што беше на дуелот со Украина.  Значи во тој случај може да се победи, бидејќи за му да се дадат 25 гола на противникот потребни се најмалку двојно повеќе напади.

Тоа е многу тешко за решавање  и  како што велиме ние ракометарите „тоа хартијата не може да го истрпи“. Освен во исклучителни ситуации кога имаме играч како Лазаров кој дава 12 гола и ве држи во живот, а останатите даваат уште 10 гола или пак во ситуација како Митревски кога фати 15 топки против аутсајдер.

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Тоа што го создадовме како чиста ситуација не успеавме да го реализираме ама симптоматично е тоа што ни се случуваше во серија.  Значи ние не можевме да реализираме и со Украина, промашивме, но за среќа тоа не ни се одрази на резултатот бидејќи Кире Лазаров даде гол за победа.  Истото ни се случи и со Чешка каде исто така промашивме многу зицери.  Тоа се должи веројатно и на физичката подготовка.

Според мене ние пласманот требаше да го решиме против Чешка, а зашто тоа не го сторивме е бидејќи се доведовме во ситуација, пак ќе кажам поради лоша поставеност во одбраната.

Нападот и да е толку лош како со Австрија, имајќи предвид дека имаме екстра играч како Лазаров ние дојдовме во ситуација да одиме на победа но имавме промашувања од Жарко, Филип, и тоа зицери, а промаши и Дејан Манасков.

Прочитајте и...  Тажна вест, почина НБА легенда

Но што направивме во одбрана. Одбраната го добива натпреварот, а нападот го губи. Ние отидовме на ЕП, без план Б за одредени работи. Можеби ќе се зборува дека голем пех ни е повредата на Велко Марковски, но требаше да се направи план, кој може да игра одбраната.

Втора работа е што ние премногу очекуваме од некои играчи кои ниту се стасани, а ниту знаеме дали ќе стасаат. Никако не смееме да кажеме дека ракометари родени 1996 година дека се млади.  Исто така тие ниту играат во Струга или во Радовиш. Да бидеме реални, ние никогаш не сме имале пет ракометари во Бундес лигата, но не видовме некое големо фајде од тоа.
Уште еден проблем за тие играчи е што не се носители во своите екипи. Има голема разлика од играч со игра во клуб и играч кој го носи клубот. Не може со 15-20 минути игра да се каже дека се носители на клубот.

Кога Миркуловски, Мојсовски играа во Металург, тие го носеа клубот, додека за Кире воопшто нема потреба да зборуваме. Младите очигледно е дека не можат да ги издржат овој притисок .

Ние дојдовме во позиција да решаваме против домаќинот Австрија која како организатор секогаш има поголеми амбиции на ова ЕП носејќи имиња во стручниот штаб како Пајовиќ, Андерсон  тие се подготвуваа за добар настап на ова ЕП.

Требаше да се направи се Миркуловски да игра на ЕП

Поранешниот репрезентативец исто така смета дека мораше да се направат максимални напори за да овозможеше големиот борец Филип Миркуловски да игра на ова ЕП.

– Уште една работа, ние мораше да направиме се што е во наша можност Миркуловски да играше на ова ЕП, барем да игра по 15-тина  минути на натпревар.

Причината за ова мое размислување е бидејќи кога игравме со играч повеќе не знаевме да реализираме. Причината за тоа е што немаме ракометари како Миркуловски и Наумче Мојсовски кои во минатото максимално го корисеа присуството на Лазаров, а тоа овие деца не знаат да го направат.  Факт е дека присуството на Лазаров кој може да игра и на 45 години, секогаш кога ќе се биде на теренот ќе привлекува внимание кај противниците. Стоилов тоа го користеше максимално на првиот натпревар.

Ние кога игравме прв пат игравме на едно Светско првенство, во Хрватска 2009 година, на сите тренинзи работевме, креиравме акции за крилата, за пикерот и за средните бекови, само поради тоа што Лазаров привлекуваше посебно внимание кај противниците и оставаше простор за останатите.
Во денешниот ракомет, репрезентациите како да молат некој да излезе да игра „фластер“ на играч затоа што е тешко да се игра во линија во сегашниот брз ракомет. Сега кога ни излегоа фластер на Кире ние не знаевме тоа да го искористиме.

Прочитајте и...  Девојките во транс, Шпанецот има поубаво тело од Роналдо (ФОТО)

Исто така селекторот треба да се размисли со кого замина таму, но мора да бидеме согласни со него дека ние немаме 30 ракометари. Ние никогаш не сме имале повеќе од 10-11-12 ракометари на големо натпреварување .

Втора работа е што ние премноги очекуваме од некои играчи кои ниту се стасани, а ниту знаеме дали ќе стасаат. Никако не смееме да кажеме дека ракометари родени 96 годиште дека се млади. Нотуи пак играат в струга иулу радовиш. Ние никогаш не сме имале пет играчи во Бундес лигата но не видовме некое големо фајде од тоа.

Уште еден проблем за тие играли шти не се носители во клубовите. Има голема разлика од играч со игра во клуб и играч кој го носи клубот. Не може со 15-20 минути игра да се каже дека се носители на клубот, никако тоа се само игралли.

Кога Миркуловски, Мојсовски играа во Металург, тие го носеа клубот, додека за Кире воопшто нема потреба да збориме. Младите очигледно е дека не можат да ги оздржат овој притисок .

Црни облаци над македонскиот ракомет

Со ваквите настапи и резултати, во иднина е загрозено учеството на големите натпреварувања. Стравувањата што по Кире, се се поголеми кај сите, не само кај ракометните работници туку и кај навивачите, а слично размислување има и Ѓоргоноски.

– Знаејќи што се случува во нашите два најдобри клуба, Вардар и Металург, во наредните година и половина предвидувам црно сценарио за ракометот.  Се плашам дека ќе се доведеме во ситуација Македонија да ја нема на големи наптреварувања , а со тоа би се намалил и интересот на децата за ракометот, а со тоа се намалуваат и шансите  да добиеме нови ѕвезди од калибарот на Кире Лазаров.

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Јас предвидувам дека од наредните година и половина ќе ни случат тектонски пореметувања како што изјави и самиот Лазаров. За наша жал тоа нема да можеме да го спречиме. Сега треба да се фокусираме на тоа што би се случувало за 3-4 години, дали ќе можеме тогаш да се најдеме на ЕП или СП. Сега доколку Кире игра најверојатно ќе играме и на наредното СП, но што после тоа и по пензионирањето на Лазаров.  Многу добро сум запознат со условите во кои работат сите школи, ние немаме соодветна инфраструктура, немаме доволно сали, немаме поддршка од државата во некои сегменти, но и немаме доволно стручњаци бидејќи тренерскиот занает во Македонија за жал е омаловажен.

Прочитај повеќе

„Кралски“ 105 милиони евра за новото бундеслигашко чудо!? (ВИДЕО)

Слободен печат

Физичарите и натаму го проучуваат ремек-делото на Роберт Карлос! (ВИДЕО)

Слободен печат

Велкоски со „златни“ букви запишан во историјата на Сараево

Слободен печат

Сезоната во НБА лигата ќе заврши во октомври!?

Слободен печат

Златан има наследник: Мајсторија на Ибрахимовиќ јуниор! (ВИДЕО)

Слободен печат

Вардар во финале: Голот на Циндриќ во последните секунди против Барселона! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Позитивен тест нема да откаже трка во Формула 1

Слободен печат

Барнс: Манчестер јунајтед премногу живее во минатото!

Слободен печат

Интервју со Раде Стојановиќ: РК Охрид има најдобра одбрана во лигата, заедно со навивачите до нови победи!

Фидан Коминовски

Надал: Потребна ни е вакцина, а не доживотно дистанцирање!

Слободен печат

Србиновски останува и следната сезона на клупата на Гостивар

Слободен печат

На кои фудбалски стадиони има најдобра атмосфера, високо на листата и еден од соседството (ВИДЕО)

Слободен печат