Емине Ердоган со писмо до Меланија Трамп: Заложи се за децата во Газа, исто како и за децата во Украина
Првата дама на Турција Емине Ердоган ѝ напиша писмо на првата дама на САД Меланија Трамп, во кое ја повика да стапи во контакт со израелскиот премиер и да се заложи за децата во Појасот Газа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Емине Ердоган во писмото вели дека била инспирирана од писмото што Меланија Трамп му го испрати на рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец во врска со децата во Украина и Русија.
„Верувам дека големата чувствителност што ја покажавте кон 648 украински деца… ќе биде покажана и за Газа“, напиша Емине Ердоган во писмо објавено од кабинетот на турскиот претседател.
Белата куќа не одговори на барањето за коментар.
„Овие денови, кога светот доживува колективно будење, а признавањето на Палестина стана глобален тестамент, верувам дека вашиот апел за Газа ќе исполни историска должност кон палестинскиот народ“, напиша таа во писмото.
Обединетите нации во петокот официјално проглаија глад во градот Газа, кој што веројатно ќе се шири. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече извештајот „чиста лага“ и инсистираше дека Израел има политика на превенција, а не на глад.
ОН потврди глад во Газа, животите на 132.000 деца се во опасност, Израел ги отфрла обвинувањата


