Елтон Џон: Мадона е евтина стриптизета!

Биографијата на славниот Елтон Џон (72) привлече големо внимание од јавноста. Освен што раскажува за своето бурно минато, тој открива и некои детали од животот на познатите.

Така тој ја обвини Мадона (61) дека била нељубезна и злобна кон Лејди Гага (33). Тој се осврна на интервјуто од 2012 година во кое Мадона ја оцрни песната на Гага „Born This Way“, дека звучи слично како и нејзиниот хит „Express Yourself“ од 1989 година.

– Сфаќам дека синглот на Гага, „Born This Way“ дефинитивно звучеше слично како и „Express Yourself“, но не сфатив зошто Мадона беше толку нељубезна и злобна во целата таа ситуација, наместо да го сфати тоа како комплимент. Особено затоа што тврди дека се залага за жените, напиша тој во своите мемоари.

Пред седум години, за време на спорното интервју, Џон ја нарекол Мадона „ноќна мора и евтина стриптизета“.

– Бев вознемирен и изговорив прилично ужасни работи за неа на австралиската телевизија. Можете да заклучите од снимките дека тоа не беше дел од интервјуто, туку дека измеѓу снимањето зборував за стар пријател, Мадона ја познавам буквално од тинејџерските години. И покрај тоа, моите зборови завршија на телевизија. Сепак не смеев да го кажам тоа. Се извинив!, објасни Џон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот