Еликсир од лимон и куркума кој ќе го препороди вашето тело

Во вашиот утрински напиток додавањето на куркума е евтино, пријатно, а и ќе го препороди вашето тело…

Во индиската кујна куркумата е речиси главна состојка, но доколку не ви се допаѓа индиската храна, тогаш како да го вклучите овој прекрасен зачин во вашата исхрана? Едноставно, зачинете си ја млаката вода со лимон наутро. За дополнително благотворно дејство додадете и прстофат цимет кој има антивоспалителни својства и може да го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Утрински еликсир од топла вода со лимон и куркума

Состојки: 1 шолја топла (не врела) вода, 1/4 лажица куркума, сок од половина лимон и прстофат цимет, 1/8 лажица мед или агава сируп и лажица кокосово масло.

Ставете ги сите состојки во шолјата со млака вода и добро мешајте. Консумирајте веднаш, никојпат не правете залихи.

Додавањето на овој моќен зачин во вашата исхрана е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашето долгорочно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот