Експлозија пред воена база во Могадишу, најмалку осум мртви

Фото: Твитер

Најмалку осум лица загинале, а 14 се повредени во експлозија пред воената база во Могадишу, објавија сомалиските власти.

Сè уште не е јасно што ја предизвика експлозијата, но сведоците за локалните медиуми изјавиле дека автомобил натоварен со експлозив удрил во магацин во близина на стадионот. Радио Далсан објави дека експлозијата се слушнала во градот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но сомневањата се дека зад нападот стои исламистичката милитантна група Ал Шабаб, која честопати извршува бомбашки напади врз безбедносните сили и владини претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот