ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД УЧИЛИШТЕ: Најмалку пет ученици мртви во Дака, повеќе од 17 повредени

Фото: Твитер

Најмалку пет деца загинале, а 17 се повредени при експлозија на боца со гас, која била користена за надувување на балон пред училиште во Дака, соопштила денеска полицијата во Бангладеш за медиумите.

Локалниот полициски функционер Абдул Калам Азад, рекол дека експлозијата одекнала при продажба на балони на деца кои живееле во околната сиромашна населба во областа Рупнагар во Дака.

Азад известил и дека бројот на мртви не е конечен.

Причината за експлозијата засега не е позната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот