Експлозија и пожар во пекарницата на момчето на Јована Јеремиќ: Штетата е огромна, станува збор за десетици илјади евра

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ jeremicjovana

Синоќа дошло до експлозија и пожар во пекарницата, чиј сопственик е момчето на српската водителка Јована ЈеремиќДраган Станковиќ, а благодарение на брзата реакција на пожарникарите – нема повредени.

Драган Станковиќ претрпел штета од околу 30.000 евра, по пожарот што избувнал синоќа во еден од неговите погони, дознава српски „Телеграф“ од извор близок на бизнисменот.

– Човекот кој ги менува плинските садови не си ја завршил работата добро и ги поврзал плинските садови, така се случи хоророт, немаше никаков дефект во работата – изјавил претходно изворот за „Телеграф“.

– Беше драматично, пламените јазици се искачија и до 60 метри, затоа што гореше ридот! За среќа, нема повредени, сите се добро. Не зборуваме за погонот кој е централен, да нагласам, не е тоа оној што е до неговата куќа, туку подалеку – додал соговорникот за „Телеграф“.

За среќа, ова е далеку помала штета од онаа што ја претрпел на крајот на 2021 година, кога штетата била повеќе од 2 милиони евра. Пред нешто повеќе од две години, во декември 2021 година, Станковиќ претрпел милионска штета, кога во текот на ноќта се запалила неговата котлара од 1.000 квадратни метри.

Тој тогаш се огласил за медиумите по пожарот во фабриката во која тогаш имало дури 700 вработени.

– Пожарот започнал од котларата, па се проширил на документацијата, па со огнената стихија повеќе не можеле да се борат, односно немало излез да го изгаснат и решат. Пожарникарите пристигнаа во рекордно време и би сакал да ја искористам оваа прилика да ги пофалам нашите херои кои вршат тешка работа. Кога човек ќе доживее вакво нешто, дури тогаш гледа. Така што, им благодариме за сѐ – изјавил Драган во таа прилика.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот