Експертите откриваат: Ова се прашањата за сексот, кои луѓето сакаат да ги знаат, но се срамат да прашаат

Фото: Пекселс/ cottonbro-studio

Разговорите за секс станаа поотворени и почести од порано. Но, колку и да е поудобно да се зборува за интимни работи денес, постојат одредени теми за кои луѓето се срамат да побараат одговор.

„Хафпост“ (HuffPost) побара од експертите за секс да ги споделат навидум „чудните“ прашања што ги добиваат и кои луѓето главно се срамат да ги постават.

Дали премногу мастурбирам?

Сексуалниот едукатор Франциско Рамирез често добива прашања од луѓе кои сакаат да знаат дали нивните навики за мастурбација се „нормални“. Тој ги уверува дека секоја фреквенција – без разлика дали е често, повремено или речиси никогаш – е во ред.

„За жал, долгогодишниот срам околу мастурбацијата предизвика многу од нас да бидат малку скептични или да им е непријатно со мастурбацијата, особено честата мастурбација или кога „соло сексот“ е почест од партнерскиот секс. Но, нема ништо лошо во тоа да мастурбирате повеќе пати на ден“, забележува тој.

Но, тој исто така истакнува дека проблемите се јавуваат ако навиките за мастурбација почнат да се мешаат во секојдневниот живот: љубовни врски, работа или други обврски.

„Но, во спротивно, тоа не би требало да биде проблем. Освен тоа што нè прави да се чувствуваме добро, мастурбацијата може да го подобри нашиот сон, да го намали нивото на стрес, да ги олесни менструалните грчеви и да нè просветли со уникатен увид во тоа што на секој од нас му е удобно“, вели тој.

Дали вибраторот може да предизвика губење на чувствителноста за време на сексот?

Вообичаено прашање за мастурбацијата што сексуалниот едукатор Ева Блум го добива од жените: Дали користењето на мојата омилена секс играчка може да предизвика губење на чувствителноста што ќе спречи оргазам за време на сексот?

Добрата вест е дека одговорот е не.

„Секоја вкочанетост на клиторисот што може да ја почувствувате по сесијата со вибратор е привремено. Кога доживувате оргазам користејќи одреден метод одново и одново – користејќи вибратор или одредено движење на раката – може привремено да стане потешко да се постигне оргазам на други начини“, вели тој.

„Ако доживеете трајно губење на гениталната чувствителност, вашата сексуална играчка веројатно не е виновникот. Закажете состанок со вашиот гинеколог за да исклучите какви било медицински состојби. Стресот, нелекуваните нарушувања на расположението и проблемите со зависноста исто така може да влијаат на сексуалното функционирање“, вели гинекологот Шери Рос за Health.com.

Фото: Пекселс/cottonbro-studio

Дали моите чудни сексуални фантазии значат дека нешто не е во ред со мене?

Луѓето имаат тенденција да ги преиспитуваат своите фантазии и да се осудуваат себеси за она што ги поттикнува. Некои ги исполнуваат своите фантазии со партнер кој се согласува со нив, но за повеќето луѓе фантазиите се токму тоа – фантазии. Ова го вели клиничкиот сексолог и едукатор за сексуалност Лоренс Сигел.

„Само затоа што личноста ужива да замислува одредено еротско сценарио не значи дека има интерес да дејствува според тоа во реалниот живот. Фантазиите, колку и да изгледаат бизарни, не мора да претставуваат желба за такво однесување во реалниот живот. Она што е во вашата глава е само за вас“, додава тој.

Меѓутоа, ако содржината на вашата фантазија е вознемирувачка или се чувствува наметливо, Сигел препорачува да разговарате со сексуален терапевт за да не доведе до несакано однесување.

Ако уживам во аналната игра, дали тоа значи дека сум геј?

Ова е прашање кое Милштајн често го добива од хетеросексуалните мажи откако тие „анално си играат“ со своите партнерки и ќе увидат дека им се допаѓа тоа чувство.

“Физички гледано, не е изненадување што уживаат. Кога работев со мажи кои требаше да направат ректален преглед, ги предупредив дека постои голема веројатност да добијат ерекција за време на прегледот. Зошто? Бидејќи кај мажот Г- точката е веднаш до простатата, а најлесниот начин за стимулирање на простатата е со вметнување нешто во анусот“, вели тој.

Што се однесува до „геј“ делот: задоволството од одредена сексуална активност не кажува ништо за сексуалната ориентација.

„Нашата култура често ја поврзува аналната игра со хомосексуалноста. Да се ​​биде геј е ориентација, тоа значи дека ги сметаш мажите привлечни“, додава тој.

Како можам да го зголемам пенисот?

Во свет во кој доминира порнографија, каде што се чини дека екстра големите пениси се норма, експертите велат дека не е ни чудо што мажите постојано бараат начини да ги направат своите пениси поголеми. Но, ниту еден од безбројните производи – од апчиња до креми до пумпи – кои тврдат дека го зголемуваат пенисот всушност не може да го зголеми.

„Мојот совет е едноставен: не правете го тоа! Нема ниту еден научен доказ кој покажува дека некоја од овие работи функционира“, вели Сигел.

Загриженоста за големината на пенисот е честа, но Сигел сака повеќе мажи да разберат дека просечната должината веројатно не е толку голема колку што мислат. Постои голема веројатност партнерот да не се ни грижи за големината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот