Експертите откриваат: Едноставни техники што можете да ги направите за да го подобрите здравјето на очите

Фото: Pexels

Луѓето најчесто трошат многу време и пари за чување и одржување на забите, кожата, косата и другите делови од лицето, но многумина забораваат дека нашите очи се соочуваат секојдневно со голем напор, пишува „Њусвик“.

Со распространетоста на технологијата и постојаното користење на апаратите со екрани, просечното човечко око е под поголем притисок од кога било, па затоа е важно да го направите она што можете да го направите за да бидат здрави, особено ако не носите очила или не ги ги прегледувате вашите очи редовно.

Според експертите, вообичаените проблеми со очите вклучуваат болка или иритација на очите, заматен вид, чувствителност на светлина, дамки или лебдечки дамки, црвени очи, суви очи, прекумерно солзење или главоболки.

Некои проблеми со очите се јавуваат како што старееме, околу средината на четириесеттите, како што се потешкотиите со гледање работи од далеку, проблеми со гледањето при слаба осветленост или навечер и чувствителност на светлина и отсјај.

Иако овие проблеми може да се објаснат со стареењето и изгледаат мали во моментот, експертите предупредуваат дека тие може да бидат знак за посериозни проблеми како што се макуларна дегенерација, катаракта, дијабетична ретинопатија, глауком и многу повеќе.

Постојат неколку начини на кои гледањето во екран цел ден може да влијае на вашите очи, а најчесто е напорот. Тоа може да предизвика да трепкаме помалку, што ги прави очите суви и иритирани.

Ако некогаш сте го доживеале тоа чувство кога очите ви се заматуваат и се разјаснуваат кога трепкате, тоа е поради напорот на очите.

Фото: Pexels/ andrea piacquadio

Експертите препорачуваат вежби со трепкање, со кои ги затворате очите две до три секунди пред повторно да ги отворите и доколку тоа го повторувате повеќе пати може да помогнат при напорот на очите.

Правете редовни паузи во текот на денот, идеално одете и правете активност во која вашите очи не мора да се фокусираат на нешто одблиску, како на пример на прошетка надвор, во природа.

Исто така, советуваат да го следите правилото 20-20-20, односно да направите пауза од 20 секунди, за да гледате нешто оддалечено 20 метри, на секои 20 минути. Особено кога интензивно и долго време користите кој било електронски апарат или компјутер.

Здравата исхрана е исто така, клучна за одржување на многу телесни функции и способности, вклучувајќи го и доброто здравје на очите и видот.

Истражувањата покажале дека органското говедско месо може да има позитивен ефект врз здравјето на очите, бидејќи содржи Омега-3, Б-комплекс, амино киселини и минерали. Честопати експертите препорачуваат и зелен лиснат зеленчук, како што се спанаќ, кељ, за антиоксидантните придобивки.

Дополнително, шест хранливи материи – антиоксиданси лутеин и зеаксантин, есенцијални масни киселини, витамини Ц и Е и минералот цинк, се идентификувани како помагаат во заштитата на видот и подобрување на здравјето на очите.

Експертите велат дека овие хранливи материи треба да ги внесуваме преку нашата исхрана или со суплементи, бидејќи телото не ги создава овие хранливи материи природно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот