Експерти: Путин ќе го нападне Киев во наредните денови и тоа ќе биде најкритичен дел од војната
Руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев во наредните денови, се наведува во анализата на американскиот воен истражувачки центар (ISV).
Препорачано
Американскиот воен истражувачки центар верува дека „руските сили ќе бидат концентрирани во источните, северозападните и западните предградија на Киев за да го нападнат главниот град во следните 24-96 часа“.
Руските сили, оптоварени со логистички проблеми, постигнале мал напредок во последно време, но (ISV) вели дека „испорачува залихи и засилување, како и изведува артилериски, воздушни и ракетни напади за да ја ослабне одбраната и да ги заплаши бранителите пред таков напад“.
Ова може да го најави почетокот на критичниот момент во војната, оценуваат аналитичарите на (ISV).
Премногу е рано да се процени ефективноста на обидот на руската армија да го опколи или окупира Киев во овој момент, велат експертите.
Меѓутоа, доколку руските сили би можеле да снабдуваат, реорганизираат и планираат намерни и координирани симултани операции по неколку правци околу и кон главниот град, тие може да бидат поуспешни во оваа операција отколку во претходните потфати, се вели во соопштението на (ISV).
ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута: ЕК подготвува нови санкции


