Експерти од Оксфорд конечно открија: Дали телефоните го зголемуваат ризикот од тумори?

луѓе телефони мобилни телефони смартфон телефон
Луѓе со мобилни телефони / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

И покрај фактот што мобилните телефони станаа составен дел од модерниот живот, долги години се поставуваше прашањето дали истите се штетни за нашето здравје и дали би можеле да предизвикаат тумори. Студијата објавена во „Journal of the National Cancer Institute“ ги реши сите дилеми.

Имено, експерти од Универзитетот во Оксфорд кое следеле повеќе од 400.000 жени од Британија во текот на една деценија, не открило врска помеѓу редовната употреба на мобилните телефони и ракот на мозокот.

Истажувачите откриле дека 0,41 отсто од жените кои користеле мобилен телефон развиле тумор на мозокот, во споредба со 0,44 отсто од оние кои никогаш не ги користеле тие уреди.

мобилен телефон
Фото: Unsplash / Jonas Leupe /

Телефоните не го зголемуваат ризикот од тумор на мозокот

„Користењето на мобилен телефон во нормални услови не го зголемува ризикот од тумори на мозокот“, изјави Кирстин Пири, статистички аналитичар и коавтор на студијата.

Теоретичарите на заговор со години тврдеа дека радио брановите кои ги емитуваат телефоните можат да навлезат во черепот и да предизвикаат тумори. Ваквите тврдења станаа вообичаени во последниве години со појавата на мрежата „5G“, за која некои дури тврдеа дека е поврзана со пандемијата на коронавирусите.

жена
Фото: Pexels / Ono Kosuki

Научниците од Оксфорд анализирале податоци на 400.000 жени на возраст меѓу 50 и 80 години помеѓу 2001 и 2011 година. Учесничките биле прашани на почетокот и на крајот на студијата за употребата на мобилни телефони. Нивните одговори и двата пати биле споредувани со нивните здравствени досиеја.

Истражувачите потоа следеле дали некоја равила некој од трите различни типови на тумори на мозокот: менингиом, аденом на хипофизата и акустичен невром.

Други фактори кои можат да придонесат за појава тумори, се возраста, тежината, внесот на алкохол, пушењето и нивото на вежбање, и тие исто така биле земени предвид.

Од 286.387 жени кои никогаш не користеле мобилен телефон до 2001 година, 1.261 развиле тумор на мозокот до 2011 година – стапка од 0,44 проценти.

пар
Фото: Pexels / Marcus Aurelius

Во меѓувреме, од 556.131 жена што редовно користеле мобилни телефони, 2.278 ја завршиле студијата со тумор на мозокот односно 0,41 проценти.

Стравувањата за потенцијалот на мобилните телефони да предизвикаат тумор на мозокот за првпат се појавија во 1990- тите, кога преносливите телефони станаа главен производ во секое домаќинство.

Мобилните уреди емитуваат радиофреквентни бранови во форма на електромагнетно зрачење од нивните антени. Делот од телото најблиску до антените, обично главата, има потенцијал да апсорбира дел од оваа енергија. Сепак, многу научници тврдат дека ова зрачење не е јонизирачко, што значи дека е нискоенергетско, има ниска фреквенција и не ги оштетува клетките, за разлика од рендгенските зраци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот