Експерименталната вакцина против Ковид-19 на „Новавакс“ успешно произвела антитела

Компанијата „Новавакс” соопшти дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произвела антитела против новиот коронавирус и се чини дека е безбедна, според првичните податоци од малото клиничко истражување во раната фаза.

Компанијата за биотехнологија со седиште во Мериленд соопшти дека нејзиниот кандидат за вакцинирање, НВКС-Ков 2373, произвел повисоко ниво на антитела кај здрави доброволци по две дози од оние што се пронајдени кај пациенти кои го прележале Ковид-19.

Додавањето на супстанцата наменета за зајакнување на имунолошкиот одговор на организмот го зголеми ефектот на вакцината, велат од компанијата.

Директорот за истражување, Грегори Глен изјави дека компанијата наскоро ќе започне многу поголеми клинички истражувања во доцна фаза и потенцијално може да собере доволно податоци за да добие одобрение за регулација во декември.

За сите последни информации поврзани со создавањето на вакцина против коронавирусот, кликнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот