ЕКСКЛУЗИВНО – СПЦ ги обнови преговорите: МПЦ-ОА и ПОА ќе се обединат за автокефалност!?

Светиот архијерејски собор на Српската православна црква (СПЦ) одлучи да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), дознаваме од високи извори од патријаршијата во Белград. Оттаму објаснуваат дека СПЦ одлучила да ги продолжи преговорите, кои всушност никогаш целосно не ги ни прекинала, туку само привремено биле стопирани поради затворскиот прогон кон архиепископот охридски и митрополит скопски г.г. Јован од Православната охридска архиепископија (ПОА). Според нашите извори, преговорите ќе бидат трилатерални и ќе се водат помеѓу СПЦ, ПОА и МПЦ-ОА, но за да започне дијалогот, објаснуваат нашите соговорници, прво ќе треба да се добие одговор на писмото што СПЦ ќе го прати до Вселенската патријаршија како реакција на минатонеделната одлука на Цариград да почне да го разгледува барањето на МПЦ-ОА за решавање на нејзиниот статус.

– Преговорите ќе бидат трилатерални, но за да се најде решение за овој долгогодишен проблем, прво ќе треба да се постигне договор помеѓу МПЦ-ОА и ПОА, односно расколничката МПЦ-ОА да пристапи кон соединување со канонската и автономна ПОА. Кога сето тоа ќе се изведе успешно, тогаш црквата од Македонија уште следниот ден ќе може да поднесе барање за автокефалност до СПЦ и тоа барање ќе биде веднаш разгледано – тврди нашиот соговорник од СПЦ.

Прочитајте и...  Пендаровски: Недозволено малку, како држава одвојуваме за образованието

Тој објаснува дека СПЦ досега не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците сè додека архиепископот Јован се наоѓал во затвор.

– Архиепископот Јован е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на ова, како и на неколку претходни заседанија на Соборот на СПЦ, заедно со владиците на ПОА, која е под закрила на српската црква – вели изворот.

„Слободен печат“ ексклузивно дознава уште една многу интересна работа – одлуката на СПЦ за продолжување на дијалогот следувала веднаш по доаѓањето на митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар од МПЦ-ОА во Белград. Како што брифираат нашите извори од администрацијата на српската патријаршија, владиката Петар во вторникот пристигнал во Соборниот храм „Свети Сава“ каде што се сретнал и разговарал на оваа тема со учесниците на Соборот.

Прочитајте и...  „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ТРГНА ОД СКОПЈЕ ДО СОЛУН: Какви мерки се преземаат на границата со Грција поради коронавирусот?

Во разговор за „Слободен печат“ тој најпрво одбиваше да потврди дека се сретнал со дел од српските владици, но потоа кажа дека ручал во истиот ресторан каде што ручале и учесниците на Соборот.

– Точно е дека во вторникот бев во Белград, но таму се сретнав со мои стари пријатели со кои заедно студирав. Се разбира, седнавме во еден ресторан што се наоѓа во близина на зградата на патријаршијата, а во истиот тој ресторан беа седнати и неколку српски владици. Сепак, со нив не падна никаков разговор на темата за почнување на преговорите – изјави г. Петар.

Тој истакна дека не може ништо да се каже однапред за тоа како ќе тече целата таа работа, но вели дека одлуката на СПЦ дошла само како реакција на одлуката на Цариград да го разгледа црковниот проблем на МПЦ-ОА.

– Нашиот Синод сè уште нема свикано седница и нема разговарано на оваа тема, па затоа и јас не би сакал сега јавно да ги искажувам своите ставови. Ние уште одамна ја известивме СПЦ дека таа треба да го регулира прашањето за црковниот проблем. Тие бараа да прекине прогонот кон Јован Вранишковски, а тој прекин престана уште пред неколку години и тоа практично значи дека сега СПЦ е на потег – објаснува г. Петар.

Прочитајте и...  Шефот на СЗО: Сега не е време за страв, сега е време за преземање акции за да се спасат животи

На прашањето дали Синодот на МПЦ-ОА е подготвен да прифати припојување со автономната ПОА, со цел да се издејствува томос за автокефалност, владиката вели дека тој одговор наскоро ќе биде соопштен откако ќе се одржи седница на Синодот и откако ќе се разговара на таа тема.

– Јас не можам да зборувам во име на Синодот и не можам да го почувствувам расположението кај македонските владици по повод ова прашање. Ова се многу чувствителни работи и само еден погрешно кажан збор може да предизвика огромни проблеми и да го наруши целиот процес – вели г.Петар.

Според најавите, преговорите помеѓу МПЦ-ОА, СПЦ и ПОА ќе започнат веднаш по завршувањето на Соборот во Белград.

Прочитај повеќе

Презентиран проектот за изградба на гасоводна мрежа во Радовиш

МИА

Каракачанов: Запревме 60 мигранти, армијата подготвена да испрати уште 1000 војници на границата со Турција

Слободен печат

Поради снег забрана за камиони на патот од Маврово кон Дебар

Слободен печат

Нови два случаи на коронавирус во Романија

Слободен печат

BMW X1 е роденденскиот подарок за Тања од Скопје

Слободен Печат

Апостолска: Развивме економски мерки кои овозможија значајна поддршка за бизнис секторот

МИА

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Алкалоид – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2019 година

Слободен Печат

Турција не ја менува одлуката, сириските мигранти тргнаа кон Европа

МТСП: Згрижувачките семејства добија 30 отсто повисок надоместок, го унапредуваме квалитетот на грижа за секое дете

Слободен печат

Над Хрватска експлодираше метеор (ВИДЕО)

Слободен печат

Влада: Да се превземат мерки при покачување на цените на средствата за заштита од кронавирусот

Слободен печат

Вучиќ: Најавата за укинување на таксите на Курти е нов трик и обид за измама

Слободен печат