ЕКО ГЕРИЛА СО ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ: Да се пријават загадувачите кои согоруваат несоодветен материјал

Фото: Принтскрин

Движењето „Еко Герила” од Тетово ги повика граѓаните да ги пријавуваат соседите кои согоруваат несоодветни материјали за греење со оглед на големото загадување на воздухот. Според нив, се горат штици од столарија кои содржат бои и лакови со хемикалии.

„Доколку сакаме да ги спречиме овие загадувачи, граѓаните треба да ги пријавуваат таквите случаи до oпштинскиот инспекторат за животна средина со адреса и име на загадувачот на бесплатниот телефонски број 0800-55-043. Сепак, недостигот на одржлива алтернатива за греење во текот на сите овие години, големиот број на возила без еколошки стандарди, недостаток на јавен превоз, чистење на правливите улици и нестандардното градење, како и индустриските капацитети се главните причини за загадување во нашиот град“, велат од Еко Герила.

Според мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово во изминатите 17 денови од декември само во еден ден нема надминување на среднодневните концентрации на отровните ПМ 10 честички во воздухот.

Во текот на сите денови има над дозволените 50 микрограми ПМ 10 честички на кубен метар, а на 16 декември се бележат највисоки 174.22 μg/m3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот