„Еко Герила”: Да се испита како се изградил новиот водоснабдителен систем за Тетово

СП. архива

 Здружението „Еко Герила” побара да се испита како се изградил новиот водоснабдителен систем за Тетово поради честите дефекти и прекини во снабдувањето. Според нив, независна комисија треба да утврди дали системот е направен согласно сите стандарди.

Честите дефекти во новоизградената мрежа во Лешница оставаат сериозни сомневања за квалитетот на градбата, при што многу граѓани ја имаат изгубено довербата во сериозноста на работите кои ги реализира или нарачува Општина Тетово. Истражна комисија од независни експерти треба да го испита нивото на изградбата на оваа мрежа и дали таа ги исполнува потребните стандарди и параметри за нормално функционирање и редовно снабдување со вода за пиење на градот Тетово, се вели во соопштението од „Еко Герила”.

Новиот водоснабдителен систем за Тетово беше пуштен во употреба на 17 септемри 2017 година. Предвидено е да обезбедува вода за пиење од планинските реки,  со што во системот се можни дополнителни максимални 250 литри вода во секунда. Новиот систем како долгорочно решение за недостигот на вода за пиење почна да се гради од 2000 година и имаше чести прекини во изградбата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот