15 C
Скопје

ЕК е за воведување европска потврда за вакцинација

Европската комисија работи на сертификат за вакцина, наречен „Вакспруф”, што може да помогне за воспоставување прекугранично патување, соопштија претставници на ЕУ, но планот ги поделил нациите на ЕУ

ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот коронавирус што би била „взаемно призната”. Тоа го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во изјава за португалски медиуми пред нејзината посета на Лисабон денеска, таа нагласи дека „медицински е важно да имате потврда за вакцинација. Затоа ја поздравувам иницијативата на грчкиот премиер (Кирјакос Мицотакис) за заемно признат сертификат за вакцинација”.

„Дали тоа ќе даде приоритет или пристап до одредени добра е политичка и правна одлука што треба да се разгледа на европско ниво”, додаде фон дер Лајен.

Прочитајте и...  Седници на три собраниски комисии

Европските 27 треба да разговараат за координација на мерките за време на пандемијата на самит следниот четврток.

Комисијата треба да објави нова комуникација следната недела со препораки за зајакнување на координацијата против пандемијата, но не е јасно дали деталните предлози за „Вакспруф” ќе бидат вклучени во документот.

Многу земји што се популарни туристички дестинации, како што се Грција и Малта, го поддржуваат планот, додека други, како што е Холандија, се резервирани.

Извор.МИА

Поврзани вести

На инфективните оддели има 1768 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 76 хоспитализирани

Маја Терзиова

Жителите од Ново Маало ја подржуваат изградбата кај „Холидеј ин“

Забрчанец: Пари има, инвент индустријата само треба да конкурира за грантови

Слободен печат

42 мигранти настрадале во бродолом кај Џибути: Шверцерите не се пронајдени

Слободен печат

ВО ЖИВО: Пресуда за случајот „Трезор“

Слободен печат

Богдановиќ: Бараме вклучување на повеќе институции за предмети поврзани со ДУП-овите

Слободен печат

Остави Коментар