фото: Македонски олимписки комитет

ЕХФ верува во Начевски и Николов – најдобрите македонски судии ќе делат правда во дербито на колото

Најдобрите македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе делат правда на дербито во ракометната Лига на шампиони, потврди денеска ЕХФ.

Европската ракометна федерација ги избра Начевски и Николов да ја делат правдата на дуелот помеѓу Магдебург и ПИК Сегед со што уште еднаш ја потврди довербата која ја има во македонските арбитри.

Дуелот помеѓу актуелниот европски шампион и унгарскиот ПИК Сегед во Германија ќе го има и епитетот „дерби на колото“, а ќе се игра на 4 декември во терминот од 20:45 часот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот