ЕХФ потврди: Македонија ЕП 2024 го отвара на фудбалски стадион пред 50.000 гледачи!

Фото: РФМ

Европската ракометна федерација денес и официјално ја потврди најавата дека Македонија Европското првенство во Германија ќе го отвори на фудбалски стадион.

Македонија натпреварот против Франција на ЕП 2024 ќе го игра на „Меркур Шпил Арената“, стадионот на фудбалскиот клуб Фортуна Дизелдроф кој има капацитет од 50.000 гледачи.

За разлика од претходната најава според која Македонија требаше да игра во вечерен термин, сега е сменето и Македонија со Франција ќе игра од 18:00 часот на 10-ти јануари, додека во вечерниот термин (20:45 часот) домаќинот Германија ќе игра против Швајцарија.

Целта на организаторите со играњето на фудбалскиот стадион е да постават нов ракометен рекорд по посетеност и најавите се дека стадионот ќе биде исполнет. ЕХФ нуди двојни билети и секој кој ќе купи билет за Германија – Швајцарија, ќе може да го гледа и натпреварот Македонија Франција.

По ова прво коло од групата А сите четири репрезентации се селат во Беерлин каде што ќе се доиграат преостанатите натпревари од групата. Македонија на 14-ти јануари се среќава со домаќинот, а два дена подоцна со Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот