Фото: EPA/EFE

ЕХФ ги казни македонските судии Начевски и Николов, две години нема да судат

Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Пред Европското првенство на почетокот на годинава, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видеоснимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе фази“. Тие, според меѓународната федерација, свесно испратиле снимки кои ги манипулирале да изгледаат како стандардни кондициски тестови, претставувајќи ги лажните резултати како свои.

Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, Спортрадар, Ракометниот суд на ЕХФ дојде до заклучок дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.

Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување.

Двајцата судии мора да платат казна од 5.000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ.

Жалба може да се поднесе до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот