Егзит ќе слави две децении во 2021: На тврдината пристигнуваат Дејвид Гета, диџеј Снејк, Тајга, Ерик Приц и Борис Брејча!

Одбележувањето две децении постоење на двократниот европски фестивалски шампион и најголем фестивал во регионов, од разбирливи причини е поместено за следното лето, а судејќи по првите имиња, следното фестивалско издание сигурно претендира да биде и најдоброто досега.

Од 8 до 11 јули 2021 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад пристигнуваат најголемите светски ѕвезди чии хитови само на Јутјуб бројат дури 33 милијарди прегледи! Листата со првите објавени имиња ја предводат: највлијателниот светски музички продуцент и диџеј Дејвид Гета, неговиот конкурент за титулата водечки планетарен хитмејкер диџеј Снејк, двократниот лидер на „Билборд“ листа на синглови и еден од најголемите рапери Тајга, ѕвездата и миленик на публиката во регионов Борис Брејча.

Посебна ексклузива е зачувана за затворањето на Денс Арената кога ќе настапи еден од најбараните диџеи Ерик Приц во специјалното бек-ту-бек издание со култните „Фоур Тет“. На јубилејниот Егзит пристигнуваат и инди-хероите „Метрономи“, добитникот на „Греми“ награда за животно дело и икона на панкот Марки Рамон, легендите на метал музиката „Сепултура“, Денис Султа, Дакс Џеј и Кобосил, хард-рок дамите „Тандермадер“ како и дел од водечките регионални изведувачи како што се Лајбах, Гоблини, Марко Настиќ, Масимо, Афтер Афер, Илија Ѓоковиќ, Кристијан Молнар, Инсолејт, Лаг и многу други.

На овие изведувачи наскоро ќе им се придружат и бројни други, со уште повеќе изненадувања бидејќи Егзит во 2021 година ќе се одржи со полна сила, на 40 фестивалски бини и зони! Нов ограничен контингент промо-влезници со попуст од 50 отсто по цена од 3.700 денари во продажба ќе биде достапен од петок, 31 јули точно напладне. Сите што сакаат да ги зграпчат поволните влезници ќе мора да побрзаат, бидејќи промотивната цена ќе важи само до 8 август, односно до истек на залихите. Сите досега купени влезници за 2020 ќе важат и за фестивалското издание во 2021 година, при што за сите купувачи што ќе ги задржат влезниците ќе има посебни изненадувања, меѓу кои се и можности за доживотни влезници за Фестивалот Егзит!

Влезниците во продажба од денеска!

Денеска, точно напладне, почнува продажбата на влезниците за Егзит 2021 година по цена од 3.700 денари. Актуелната цена ќе важи најдоцна до 8 август или порано, ако се распродаде ограничениот контингент. Влезниците за Егзит ќе можат да се набават во Македонија преку МкТикетс.
Сите што не сакаат да ги сочуваат влезниците за 2021, ќе можат да почнат процес за рефундација од 10 август 2020 година. Деталните информации за овој процес ќе бидат објавени на 10 август на официјалните страници на Егзит.

Сочувај ја својата влезница!

Сите фанови на Егзит кои ќе ги сочуваат своите „EXIT 2.0“ влезници за фестивалското издание во 2021 година, автоматски добиваат шанса да освојат „Lifetime“ влезница за Егзит, пропусници за пристап на бина на Денс-арената, претворање на регуларните влезници во ВИП, модни пакети „Егзит“ и маици, а на сите што ќе ги сочуваат влезниците ќе им биде овозможен 20 отсто попуст за фестивалски маици и сувенири по сопствен избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот