ЕФЕКТИТЕ ОД УКИНУВАЊЕТО НА РОАМИНГОТ ВО ЕУ: Употребата на мобилиот интернет се зголеми за 10 пати

На 29 ноември, Европската комисија го објави својот прв целосен преглед на состојбата на пазарот за роаминг, што покажува дека укинувањето на такси за роаминг во јули 2017 година било многу корисно за патниците низ Европската унија.

Мобилниот сообраќај на податоци за време на патувањата во ЕУ е зголемен за десет пати во однос на една година пред воведувањето на пристапот „во роаминг како дома“.

Употребата на податоци во роаминг во рамките на ЕУ и Европската економска зона достигна максимум во текот на летните одмори во 2018 година, со 12 пати поголема употреба на мобилните податоци во странство. Во овој период, бројот на телефонски повици во роаминг беше скоро три пати поголем.

– Резултатите покажуваат уште еднаш успех со укинувањето на таксите за роаминг. Европејците значително ги користат придобивките од слободната употреба на мобилните уреди додека патуваат. Во исто време, јасно може да се види дека роаминг пазарот на ЕУ сè уште работи добро – се вели во извештајот.

Имаше страв од покачување на домашните цени заради укинувањето на таксите за роаминг, но напротив, домашните цени за мобилните услуги се спуштија низ ЕУ, рече комесарот за дигитална економија и општество Марија Габриел.

Намалувањето на максималните цени придонесе за понатамошен пад на цените на големо во роаминг, но сепак им овозможува на скоро сите даватели на роаминг да работат одржливо дури и со укинатите такси.

Во извештајот се заклучува дека постојните регулативи за роаминг треба да продолжат да се применуваат во наредните години со цел граѓаните да имаат корист од роамингот во ЕУ без дополнителни трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот