Едноставни совети за подобро интимно здравје

Фото: Pixabay

Следниве совети ќе ви помогнат да водите подобра грижа за интимното здравје и да спречите некои од најчестите проблеми.

Немојте да депилирате сè

Иако многу жени се одлучуваат за интимна депилација поради хигиена, а не само за естетика, лекарите сметаат дека ова не е најдобрата идеја. Влакната на интимниот дел ве штитат од бактерии и вируси, ја апсорбираат потта и штитат од триење. Неодамнешно истражување покажало дека 84% од жените се бричат, а 50% ги отстрануваат сите влакна од гениталиите со депилација.

Внимателно одбирајте ги продуктите за интимна нега

Вагината се чисти самата и важно е да не ја нарушите нејзината рН вредност, бидејќи тогаш ќе се создаде средина погодна за развој на инфекции. Одбирајте производи за интимна нега што не содржат парфеми или состојки што ја нарушуваат рН вредноста.

Внимавајте на долната облека

Долната облека со чипка изгледа неверојатно, но не е секогаш добра за вашето здравје. Најдобро е да носите памучна долна облека, така што ќе ѝ овозможите на вашата кожа да „дише“. Исто така, добро е секогаш кога ќе имате прилика да спиете голи.

Пијте доволно вода

Хидратацијата е важна за целиот организам, вклучувајќи го и здравјето на гениталиите. Кога телото е дехидрирано, сувоста се појавува и кај вагината. Во зависност од тоа колку сте активни во текот на денот, би требало да пиете 2 до 3 литри вода.

Златно правило

Според „златното правило“, најдобро е секогаш после сексуален однос да одите во тоалет. Празнењето на мочниот меур после односот го „чисти“ уринарниот тракт и го намалува ризикот од инфекции.

Вежбање

Немојте да ја носите истата облека откако ќе завршите со вежбање. Веднаш по тренингот заменете ја со чиста.

Совети и практики со кои ќе ја оддржите страста во врската

Совети за здрав и удобен сексуален живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот