Совети и практики со кои ќе ја оддржите страста во врската

Љубов, пар, секс
Фото: Pexels/Yan Krukov

За една врска да биде успешна, потребна е константна работа на неа и од двајцата партнери. Но, кога веќе подолго време сте во врска, може да се случи да станете… па, премногу опуштени. Удобноста и слободата може да доведе до намалување на страста во една љубовна врска, а токму тоа може да доведе и до оддалечување на партнерите. Бидејќи секоја врска е различна, трикот е да се најде она што најмногу ви одговара и на двајцата. Токму затоа погледнете ги наредниве неколку совети кои би можеле да ви помогнат при одржувањето на возбудата во вашата врска.

Одржувајте ја интелектуалната стимулација

Размислете за она што ги прави луѓето неодоливи. Сигурно ви паѓаат на ум голем број физички карактеристики, но како што подобро запознавате одредена личност, така сè повеќе и повеќе сфаќате дека менталната стимулација добива огромна важност. Токму затоа никогаш не престанувајте да разговарате и обидувајте се секојдневно да наоѓате нови и интересни теми со чија помош ќе го проширувате вашето знаење, но истовремено и взаемно интелектуално ќе се стимулирате.

Бидете активни

Доколку сексуалниот однос е единствената физичка „активност“ во која се вклучувате со вашиот партнер, тогаш нешто дефинитивно треба да се смени. Активноста подразбира здравје, но и задоволство за вас и вашиот партнер. Редовното вежбање, без разлика дали е во друштво на вашиот партнер или индивидуално, може да ве доведе до ново ниво на енергија и привлечност помеѓу вас двајца.

Бидете романтични

Кога сте дел од подолга врска, може да се случи да почнете да го земате вашиот партнер „здраво за готово“. Многу е важно да не ја изгубите романсата, која вклучува континуирани и инспиративни активности кои ќе го потсетат вашиот партнер дека навистина се грижите за вас двајца. Одвреме-навреме, не заборавајте да ѝ испратите цвеќиња на нејзиното работно место или пак, да му напишете љубовна поема која ќе му ја оставите на неговата перница. Можеби ви звучи како клише, но сепак овие мали гестови знаат да имаат голема моќ врз вашата блискост.

Гответе заедно

Сите ценат добар оброк, особено оној кој е домашно подготвен. Токму затоа направете навика барем еднаш во неделата заедно да испланирате и подготвите специјален оброк за двајцата. Ќе се изненадите колку оваа здодевна секојдневна обврска на овој начин може да се претвори во романтичен ритуал кој едвај ќе го чекате.

Дарувајте искуство

Наместо редовните материјални подароци кои секојдневно ги планирате за празниците, овој пат обидете се да испланирате нешто што би можело да ја стимулира вашата врска. Без разлика дали станува збор за билет за концерт или пак, за авантуристички викенд надвор од градот и двајцата ќе го цените искуството кое ќе го разбранува вашето секојдневие.

Бидете спонтани

Ништо не ја уништува монотонијата подобро од спонтаните активности. И покрај тоа што повеќето од нас сакаат сè да им биде испланирано, понекогаш преголемото размислување ја намалува возбуденоста. Токму затоа направете мала непланирана екскурзија за време на викендот, резервирајте соба во хотел во ваша близина за да ја промените средината или пак, заминете си еден ден порано од работа и одете во кино или музеј.

Взаемна инспирација

Една од работите кои ја држат цврстината на врската е взаемната инспирација помеѓу партнерите. Кога две личности се заедно, особено оние кои делат интимна поврзаност, многу е важно инспирацијата да има непрекинат тек. Поддршката за сите оние работи кои секојдневно ги правиме и мотивацијата да се стремиме да бидеме подобри личности е во основата на сите здрави врски.

Смејте се

Хуморот може многу да ви помогне, особено кога станува збор за сериозни проблеми кои се наоѓаат во сите врски. Смислата за хумор може да ја разбие тензијата и да додаде малку „зачин“ во вашиот живот, а истовремено може и да ви обезбеди нова и поопуштена перспектива на онаа ситуација која во моментот можеби ви изгледала како без решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот