Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија./Фото: Драган Митрески

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет полесно се повредени пет лица, а во три сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 51 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 25 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 15 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и 10 возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, 10 возачи за не користење заштитен шлем,  четворица  возачи за не носење сигурносен појас и 10 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Шест пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 78 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак” биле отстранети 54 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот