Еди Рама ја отстрани фотографијата од Лешница

EPA-EFE/FILIP SINGER

По бројните реакции, фотографијата која на фејсбук профилот на албанскиот премиер Еди Рама стоеше речиси 15 часа мистериозно исчезна.

Oд Кабинет на Рама за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија.

Оттаму, се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Северна Македонија.

Лево: Фотографијата што ја сподели Еди Рама од водопадите на Лешница / Десно: Фотографија од истата локација што Слободен печат ја објави на 7 септември 2020, од репортажата „Лешница, бисерот на Шар Планина, загрозена од малите хидроцентрали и од несовесните посетители“.

– Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Северна Македонија, наведоа од Кабинетот на Рама.

Објавата на Рама, покрај бројните негативни коментари предизвика и доза на потсмев кај дел од корисниците на социјалните мрежи.

Некои од нив побараа од албанскиот премиер да научи географија, или пак да вработи советник за географски прашања, други пак објавија фотографии од странски знаменитости за кои велат дека се наоѓаат во Албанија или пак на познати албански туристички места им дадоа македонски имиња.

Еди Рама со фотографија од Лешница ја претстави „прекрасната“ Албанија (ФОТО)

Водопадот на Лешница и кањонот на Кривошијска река е една од омилените тури на домашните туристи и планинари, а важи за еден од најубавите предели на Шара.

РЕПОРТАЖА Лешница, бисерот на Шар Планина, загрозена од малите хидроцентрали и од несовесните посетители

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот