Еден од најдобрите модни моменти на Ева Лонгорија бил сосема случаен! (ФОТО)

Да не беше светот погоден од пандемијата на коронавирусот, деновиве ќе се одржеше Канскиот Филмски Фестивал.

Ева Лонгорија (45) се присети на ова гламурозно случување кога на Инстаграм сподели момент од 2006 година, кога се појави на премиерата на филмот „Пановиот лавиринт“ од режисерот Гелијерм дел Торо и ја откри вистината за нејзината тоалета која го привлече сето внимание.

Американската актерка тогаш се прошета во светликав фустан со цветни апликации и изразено длабоко деколте кое всушност требало да биде на грбот.

Всушност, Ева во брзање погрешно го облекла фустанот и така излегла од хотелот.

Профимедиа

„Смешна е приказната за овој фустан. Слетав во Кан, а мојот багаж (со мојот фустан) не стигна! Дојдов во хотелот, па во последен момент ми најдоа замена. Имав 30 минути да се спремам за црвениот тепих, само го облеков фустанот и избрзав“

„Додека излегував од автомобилот пред илјадници фотографи, видов како стилистот трча према мене викајќи: Го носиш фустанот наопаку!!! Да, носев фустан наопаку и не можев ништо да направам во врска со тоа. Го носев најдобро што можев. Се гледа дека работ на фустанот не стои како што треба и тоа длабоко деколте треба да е на грбот“, напишала Ева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот